Apple-logo-930x546

Siri, Cortana, Google Now… интересни се за поигрување од време на време, но бргу здосадуваат. Ентузијастите како мене кои се израдуваа на новите апликации на синтетичката интелигенција бргу се „разочарани“ од нејзината сегашна способност – да најде ресторан, да пресмета патека или да знае кога излегувате од дома. Ништо посебно.

Муабет ни оддалеку не можете да помислите дека ќе си направите со овие лични „асистенти“ чии одговори во главно се базираат на серверски обработени препознавања на прашања без можности за контекстуален разговор.

Британската компанија Vocal IQ беше во процес на изработка на токму таков паметен асистент наречен Vocal IQ. Нормално, по кратко време беа купени од Apple. Значи да не видат нешто… Тие дури ја купија оваа компанија уште пред нивната апликација да излезе на пазарот!

Тоа укажува дека способноста навистина и` била одлична и носи подобрувања во однос на другите вакви апликации и сервиси. Имено, идејата на Vocal IQ е да претставува услужна апликација со која не само што ќе можете да резервирате маса во ресторан туку и да си направите муабет. Vocal IQ го разбира контекстот и се прилагодува на внесот на информации за да ви ја даде потребната информација, а воедно постојано учи под „менторство“ на нејзините човечки господари.

Ако сакате да резервирате место во ресторан можете да и` кажете да најде ресторан со кинеска храна каде што ќе можат децата да си играат. Vocal IQ ќе го најде и ќе го одбележи на мапа. Ако понатаму се премислите и сакате да одите на тајландска храна, едноставно треба да кажете „сепак најди ми ресторан со тајландска храна“, Vocal IQ ќе разбере дека зборувате за претходната резервација и ќе ја промени.

Дополнително, Vocal IQ развиваа специјален систем за во возило кој овозможува комуникација и извршување наредби без да има потреба да се гледа во или комуницира со екран. Со оглед на гласините дека Apple е во производство на електричен автомобил, ова може да биде интересен додаток на истиот.

Изгледа дека Siri наскоро ќе добие далеку поспособна братучетка или пак оваа технологија ќе биде вметната во самата нејзе. Во секој случај интересен развиток на дигиталните асистенти и уште еден потсетник на експоненцијалната брзина на развиток на технологијата која во последно време заради тоа станува сè побрза. Првиот од овие асистенти, Google Now, беше објавен пред само неколку години, а сега веќе се префрламе на далеку попаметни вакви сервиси.

Дополнителни информации: Venture Beat, Business Insider, Mac Rumours

Претходна статијаИнтервју со Филип Тасевски – Fitz – Еден од основачите на македонското креативно студио BTS Art Factory
Следна статијаНа кафе со Трендо, Тања Кокев и Ненад од Публицис