biznis kafe br.17 FOTO

Овој четврток (9 јуни) со почеток од 18:00 часот во кафе-бар “Стоби“ (ГТЦ) во Скопје, ќе се оддржи новото 17-то по ред издание на најпрестижниот бизнис-нетворкинг настан кај нас “Бизнис кафе Македонија“.

Гости на настанот ќе бидат Ненад Ристовски, раководител на одделот за дигитални медиуми во Публицис Македонија, Сашо Мацановски – Трендо, основач на Трендоленд / Off.net.mk и Тања Кокев, модна дизајнерка и основач на брендот “Кокев“.

Карта за настанот чини 300 денари и може да се купи online на следниов ЛИНК, преку целата дистрибутивна мрежа на Купи карти за се (во Југотон ГТЦ, продажен пулт во Сити Мол, ТА Савана центар и други…) или на фактура со резервација на следниов е-маил: mkbizniskafe@gmail.com

Претходна статијаApple ја купи Vocal IQ, попаметната братучетка на Siri
Следна статијаIntel претстави супер моќен серверски Xeon процесор со 24 јадра