Фото: Shutterstock.com

Марк Гурман од Blomberg, во својот најнов билтен кој го испраќа преку имејл, пишува за Exploratory Design Group или на кратко XDG, посебен тим во Apple кој работи на развој на технологии за идни производи.

Специфично за XDG тимот е што функционира со уште построги правила за тајност од остатокот од компанијата, нешто по кое се и познати од Apple. Гурман типот го нарекува „стартап“ во рамките на компанијата и е составен од само неколку стотици луѓе, за разлика од другите тимови кои работат на развој на Apple Car и слично.

XDG тимот стои зад развојот на технологијата за мерење на гликозата во крвта за која исто така Гурман пишуваше изминатите денови. Оваа технологија се планира да биде вградена во Apple Watch во наредните неколку години, а наводно оваа година е постигнат поголем напредок.

Други технологии на кои работат од тимот вклучуваат и технологија за екрани од наредната генерација, вештачка интелигенција, изменета и виртуелна реалност и слично.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаРецензија Samsung Galaxy S23 – Мали промени во изгледот, но големи кај перформансите
Следна статијаSamsung ги претставува најновите производи, услуги и иновации на Galaxy на MWC 2023
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.