andy-rubin-google-android

Andy Rubin до Март оваа година беше главен на секторот за Android паметни телефони во Google, а исто така е еден од ко – основачите на Android Inc. од 2003 до 2005 година. Има работено и во Carl Zeiss AG, Apple, General Magic, MSN TV и Danger Inc. пред да го започне Android проектот со кого преминува во Google од 2005, па до денес.

vierfingerhand_gr

Сега Andy е поставен да го води секторот за роботика во Google. Производите развиени во овој сектор нема да бидат наменети за крајниот потрошувач, туку целта ќе биде развивање за производните капацитети, поточно линиите за составување на електроника, нешто што сега се прави мануелно. За таа цел Google во последните неколку месеци има купено 7 компании од областа на роботиката и вештачка интелигенција. Овие купувања на компании помина прилично тивко, односно тајно. Идејата за развој на овој сектор е долгорочна, па не би требало да се очекуваат одредени изуми и производи во блиска иднина. Како што изјавува и Andy тие ќе развиваат визија за наредните 10 години.

Претходна статијаБројот на Windows XP корисници сеуште голем
Следна статијаSailfish OS од Jolla ќе може да се инсталира на Android уреди
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.