Иако повеќето луѓе го избегнуваат прашањето кога станува збор за години и старост, нашето лице тоа не може да го сокрие, па дури и по серија пластични операции.
Научниците за прв пат користат 3Д фотографирање за да одредат возраст на човекот и зачудувачки методот испаднал толку прецизен што го победил претходниот метод за одредување возраст кој користел изучување на ДНК.
Џин-Дон Џ. Хан, од Кинеската академија за науки, и Макс Пленк, од Институтот за пресметувачка биологија, пронашле метод кој користи одредени мерки на лицето кои се прецизен начин за да се одреди биолошката старост на личнста. Истражувачите анализирале над 300 3д фотографии од лица од повеќе од 300 луѓе и ги споредиле со повеќе од 12 маркери од крвна слика. Ширината на носот и устата и дистанцата помеѓу носот и устата се шират со текот на годините, додека очите паѓаат надолу. Со тоа што се мерат овие промени се добива релативно стабилен начин на следење и одредување на возраста на личноста.
Според новите резултати атрибутите на лицето покажуваат попрецизна мерка за возраст одколку 42 крвни маркери што се прават во рутинскиите физички прегледи.
Значењето на оваа технолгија е битно бидејќи многу брзо може да се одреди степенот на стареење со едноставните 3Д алгоритми. Степенот на стареење подоцна може да се искористи со цел да се дијагностицираат одредени болести и да се одредат психолошки процеси кои влијаат на забрзаното стареење. Дополнително технологијата може да се користи и за правење на програми за подобрување на личното здравје и личниот живот кои можат да бидат направени специфично за личноста која има потреба од програмите.