Повеќето од нас, а посебно тие што гледаме СФ филмови, кога ќе се спомене вонземски живот, веднаш помислуваме на развиени, интелигентни суштества со кои што ќе може да воспоставиме контакт. Се разбира тука е и другата можност за водење на војна, зависно од нивното „расположение“.
Сепак, кога научниците говорат за пронаоѓање на живот, најчесто мислат на мали знаци кои што укажуваат на можноста да се развие живот или дека животот порано постоел. Пример за таквите истражувања се мисијата на Марс, на чија што површина истражување прават познатите ровери кои што собираат примероци и ги анализираат.
Во нашиот сончев систем исто така интерес привлекуваат и месечините околу Јупитер. Едната од нив се верува дека има големо количество на вода под замрзнатата површина.
Научниот од NASA, Ellen Stofan верува дека во наредните 10 години ќе почнеме да ги откриваме првите значителни знаци кои што укажуваат на постоење на живот. Тоа верува дека ќе се случи и тука во нашиот сончев систем, поточно на Марс, за каде што е планирана мисија која што ќе вклучува испраќање на луѓе.
Она што научниците најчесто го сметаат како показател за потенцијален живот се јаглеродот и азотот, основните состојки на животот на Земјата.
Едно од најинтересните прашања на кои човештвото бара одговор е дали сме сами во универзумот. Иако шансите за тоа се мали, со оглед на неговата големина, моменталниот развој на технологијата не ни овозможува истиот да го откриеме.
Извор: Space.com