darkweb_revealed

Доколку сте фанови на криминалистички книги, ТВ серии и филмови, сигурно досега сте чуле за темната мрежа, односно темното тајно ќоше на интернетот каде што криминалот цвета, а не е достапен за нас, Google смртниците.

Темната мрежа не е мит, далеку од тоа, до неа може да се пристапи со користење на специјален Tor прелистувач кој Ве прави анонимни и ја префрла конекцијата преку 6000 сервери за да не може да биде откриена вашата локација и идентитет. Нормално, тоа не значи дека сте 100% сигурни, ризиците се високи и казниви.

Темната мрежа која го составува 84% од интернетот ( да Google гледа само 16% од интернетот) е целосно скриена од остатокот од светот, а таму можете да најдете скоро сè.

Можете да купите секакви врсти на дрога, во мали или големи количини, или можете да купите фалсификувани пари што ги поминуваат 99% од тестовите. Купувањето фалсификувани документи е доста лесно во тие води, оружје исто така. Дури можете да изнајмите платен убиец или да си најдете органи доколку имате потреба.

Сè тоа функционира бидејќи се финансира со криптовалути, односно Bitcoin и Darkcoin, сè е хостирано на сервери во Русија и Украина кои не прашуваат за идентитет, наплатите ги вршат преку криптовалути и целосно игнорираат законски регулативи за издавање на податоци. Дополнително се користи во голем размер сериско процесирање (каде што многу компјутери на една мрежа вршат пресметки како едно тело), и тоа се најчесто јавни сервиси како Amazon Cloud.

Доколку не сте искусен криминалец, на темната мрежа ќе најдете алатки за скоро секоја намена, можете да најмите хакери и криминалци за секоја намена и јазикот не е никаква бариера.

За информации за извршување разноразни типови на криминални активности има цели википедии, едноставно намената на таа темна мрежа е споделување на секакви информации и услуги, без никакви табуа, без идентитети, без поставени прашања.

Иако се ова делува екстремно сигурно и без никакви шанси да бидете фатени доколку се вмешате во нелегални активности, тоа не значи дека е така. Сите држави се свесни за постоењето на овој дел од интернетот и истиот се надгледува и инфилтрира секојдневно. Една мала грешка, или една интеракција со погрешните луѓе можат да ви нанесат сериозни проблеми.

Извор: Popsci, Wikipedia

Претходна статијаЗнаци за вонземски живот ќе бидат најдени во наредните 10 години?
Следна статијаVP9, нов видео кодек кој го подобрува визуелното искуство на YouTube