13177445_568951676626233_6709274895179115764_n

На посебен настан во Кина, познатиот Xiaomi го претстави досега нивниот најголем смартфон којшто доаѓа со огромен 6,44 инчен екран. Тој сепак не доаѓа со поголема од Full HD резолуција како што би се очекувало од екран со оваа големина, како и телефон претставен во 2016.

Сепак, тоа не би го ставиле како недостаток, со оглед на фактот дека корисниците ретко можат да ја забележат разликата, а помалиот број на пиксели обично носи подобри перформанси и подолго траење на батеријата.

Екранот на Mi Max е изработен во IPS технологија, а исто така е и закривен на страните, односно изработен е од  2,5D закривено стакло.

Xiaomi Mi Max ќе биде достапен во три различни варијанти кои се разликуваат во процесорот, RAM меморијата и просторот за складирање. Па така, Mi Max ќе доаѓа со две варијанти кои работат на Snapdragon 652 чипсетот, а ќе нудат избор помеѓу 4GB RAM и 128GB простор за складирање и 3GB RAM со 64GB простор за складирање. Овие варијанти работат на 8 јадрен процесор.

Послабата варијанта работи на Snapdragon 650 чипсетот кој вклучува 6 јадрен процесор, 3GB RAM меморија и 32GB простор за складирање.

Димензиите на Mi Max изнесуваат 173.1×88.3×7.5mm и се истакнуваат малата дебелина, како и поголемата тежина, меѓутоа тоа е очекувано од голем уред како овој.

13177884_568951669959567_8459031176880303979_n

Mi Max доаѓа со 16 мегапикселна задна камера со двоен ЛЕД флеш, како и f2.0 бленда, што треба да овозможи добри слики навечер. Предната камера е со 5 мегапиксели, исто така f2.0 бленда и 85 степени широки леќи, очигледно наменети за сликање на селфија со повеќе луѓе без проблем.

Батеријата на Mi Max е исто така голема, има капацитет од 4.850mAh, што значи дека без проблем треба да издржи цел ден на активно користење, а сигурно и 2-3 дена при умерено користење.

Телефонот на задната страна има и сензор за отисоци од прсти, нешто што веќе станува стандард без разлика од класата на телефонот. Работи на најновата верзија од MIUI, односно MIUI 8 која е базирана на Android Marshmallow.

Извор: GSMArena, FoneArena

Претходна статијаРецензија: Lenovo Vibe S1 – смартфон од средно – високата класа со премиум карактеристики и најдобра селфи камера
Следна статијаAdBlock и AdBlock Plus достапни на Microsoft Edge – показател за успехот на прелистувачот ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.