Lumia-Cyan-update_feat

Windows Phone 8.1 беше претставен во Април на Microsoft Build 2014 конференцијата. Оваа верзија од оперативниот систем воведува толку многу нови функции што повеќето се сложуваат дека пореално би било да ја носи бројката 8.5. Достапноста на надградбата за корисниците беше најавена за ова лето, меѓутоа повеќе детали околу точната дата не беа дадени.

Голем број од корисниците се решија да не ја чекаат официјалната надградба, па ја инсталираа 8.1 верзијата од оперативниот систем вклучувајќи се на Preview for Developers програмата, која што сега покрај за програмерите, достапна е за сите заинтересирани корисници преку можноста за креирање на бесплатна сметка на Developer Studio, со која што добиваат право за инсталирање на верзии од оперативниот систем наменети за програмерите.

Од денеска корисниците на некој од моделите на Nokia Lumia линијата официјално ќе почнат да ја добиваат Lumia Cyan надградбата која што ја вклучува најновата верзија од оперативниот систем, односно Windows Phone 8.1. Доколку се’ уште не ја гледате надградбата во прилагодувањата на телефонот, ќе треба да причекате затоа што како што изјавија од Microsoft, таа ќе биде достапна постепено за уредите во светот во наредните неколку недели.

Lumia Cyan ги вклучува сите нови работи кои што ги вклучува новата верзија од оперативниот систем, како што се центарот за нотификации, дополнителна линија за плочки, позадина која што се гледа зад плочките, Internet Explorer 11, редизајнирана продавница за апликации, Word Flow тастатура, посебни контроли за звукот и многу повеќе. Надградбата вклучува и подобрувања на апликациите кои што се ексклузивни за Lumia уредите, па така надградени се и Nokia Camera, Creative Studio и Storyteller апликациите, а Lumia 1520 ќе биде надополнета со Nokia Rich Recording и Dolby Digital Plus 5.1 звук.

Извор: Nokia Conversations

Претходна статијаKOR-FX: Елек за игри кој што ќе го направи искуство на играње многу пореално
Следна статијаKDE Plasma 5: Нова модерна верзија на познатиот кориснички интерфејс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.