iphone6-stock-photo

За време на објавувањето на извештаите за заработка на компанијата, Тим Кук информира дека забележале досега најголема бројка на нови корисници кои што доаѓаат од Android платформата.

За жал, тоа тврдење на беше поткрепено со точни бројки, па останува да се верува на статистиките кои што ги води Apple и вистинитоста на нивните објави.

Сепак, не е толку чудно да се поверува дека би дошло до зголемување на корисниците кои што се решиле да преминат на iOS после користење на некои од Android уредите. Главна причина за зголемување на бројката може да се види и во конечното преставување на модел со поголем екран од страна на Apple, нешто што тие не се решаваа да го направат, а се покажа навистина популарно кај Android корисниците.

Сега корисниците имаат избор во телефонот iPhone 6 Plus кој што се покажа дека е навистина популарен кај корисниците, како и што се очекуваше.

Бројката на нови корисници кои што доаѓаат од друга платформа е интересна мерка за следење на популарноста на една платформа. Корисниците најчесто кога се решаваат за својот прв паметен телефон, остануваат на истата платформа и при купување на нов модел.

Еден корисник да се реши да ја промени платформата која што до тогаш ја користел се смета за успех, се разбира доколку не се работи за тип на корисник кој што е спремен да експериментира и тестира повеќе платформи.

Извор: iMore, Ubergizmo

Претходна статијаДали би се возеле по коловоз изграден од пластика?
Следна статијаDell Latitude 12 – таблет направен за на бојното поле
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.