snapdragon-eye-630-630x381

Новиот процесор на Qualcomm ќе донесе многу подобри перформанси, особено во делот на графиката, но тоа беше и очекувано, нели. Она што не очекувавме е целосно нов хардверски систем, кој се вика Smart Protect и кој ќе го штити уредот од вируси и малициозни апликации.

Ова нема да биде стандарден “Firewall”, туку ќе работи локално и ќе ги проверува апликациите што ги користите секојдневно, со цел да најде активност која не е стандардна за таа апликација. За разлика од овој начин на проверка, софтверските решенија бараат вируси според последната датабаза, што не е добро решение за најновите закани.

Според Qualcomm, со Smart Protect се добива многу поголема заштита од софтверските решенија, како антивирусите, а од друга страна, овој систем сигурно и нема да влијае на перформансите на уредот, односно траењето на батеријата.

Screen+Shot+2015-08-31+at+9.57.23+AM

Нивното решение ќе биде и многу побрзо, односно многу порано ќе успее да ги забележи малициозните софтвери, а ќе овозможи и заштита на уредот без интернет конекција, што денес е реткост кај преносните уреди, но добро е да се знае дека сте цело време заштитени.

Smart Protect автоматски ќе прави листа на различни нивоа на закана, почнувајќи од “adware” програмите, па се до вирусите кои можат да ви украдат податоци, односно да го уништат вашиот систем.

Првите примероци на телефони, односно таблети со Snapdragon 820 би можеле да ги видиме уште на почетокот од наредната година. А за овие уреди бидат заштитени со Smart Protect, Qualcomm има спремно и ново API, кое производителите на ваквите уреди можат да го употребат, без да се чека надградба на оперативниот систем, како на пример Android.

Извор: Engadget, Techno Buffalo, CNET

Претходна статијаПротекоа спецификациите за Surface Mobile, ќе може да користи и стандардни Windows програми?
Следна статијаKeyRaider – Малициозен софтвер кој напаѓа iOS уреди со jailbreak