surface-wp2-11-e1438158350548

Иако Lumia 950 и 950 XL треба да бидат претставени наредниот месец, главниот хит на Microsoft веројатно ќе биде Surface Mobile, телефонот кој благодарение на Windows 10 и Continuum можноста, ќе може да вози и стандардни Windows програми, а кога ќе се поврзе на поголем дисплеј.

Очекувано, за да може да го постигне ова, процесорот ќе биде на Intel и тоа новиот Atom X3 SoFIA. Ќе биде помогнат од 3 или 4 GB рам меморија, зависно од конфигурацијата, односно изборот на простор за складирање податоци од 64 или 128 GB, кој ќе може да се прошири со micro SD картичка до 256 GB.

AMOLED дисплејот ќе донесе поживи бои и поголем контраст и ќе има големина од 5,5 инчи и QHD резолуција од 2560х1440 пиксели. Задната камера ќе има 21 мегапиксели, додека предната 8 мегапиксели, и двете со Zeiss оптика. Телото, како и Surface таблетите, ќе биде целосно изработено од магнезиум и алуминиум.

Surface Mobile (кодно име Juggernaut Alpha) ќе се полни преку USB Type-C, а ќе биде достапно и безжично полнење. Како и кај Note серијата на Samsung, стандардно се вградува и дигитално пенкалце со повеќе нивоа на притисок.

Доколку ова што го прочитавме горе навистина се исполни, телефонот би можел да биде голем успех, бидејќи ќе биде првиот од ваков тип. Имено, бидејќи во него ќе се вградува Intel процесор, на телефонот ќе може да се инсталираат класични Windows програми, како на пример Photoshop, Illustrator, односно реален десктоп прелистувач како Chrome или Firefox, или која и да е друга програма на која може да ви текне на памет.

Нормално, за да ги користите, Surface Mobile ќе мора да го поврзете со поголем дисплеј, тастатура и маус, кога благодарение на Continuum опцијата, ќе имате целосно десктоп опкружување, како кај нормален Windows 10 компјутер.

За првиот телефон кој ќе може да се користи и како вистински компјутер не треба да чекаме предолго, односно според информациите, треба да биде претставен кон крајот на оваа, или почетокот на 2016 година.

qJ8SQ2s

Извор: WM Power User

Претходна статијаApple во соработка со Cisco ќе го шири iOS и во бизнис светот
Следна статијаSnapdragon 820 ќе има вградена хардверска заштита од вируси