foldable-smartphone

Веќе неколку пати зборувавме за телефони и таблети кои ќе можат лесно да се свиткаат, благодарение на OLED дисплеите, но констатиравме дека таа технологија е се уште далеку од масовно производство. Сепак, според нови извори, корејските гиганти Samsung и LG, би можеле да претстават таков телефон веќе наредната година.

Телефонот кој ќе го лансира Samsung ќе биде од високата класа, со моќни компоненти во внатрешноста и ќе може да се превитка на половина. Ова е особено погодно за полесен транспорт на смартфонот – нема премногу да ви се гледа во џебот, но и покрај тоа, оваа технологија веројатно ќе биде попогодна за таблетите, кои со преклопување би можеле лесно да се стават и во некој џеб.

samsung-foldable-phone-patent-1

Главните пречки поради кои ваквите телефони се уште чекаат на масовно производство е тоа што на местото каде што се витка, после некое време може да се појават оштетувања на OLED дисплејот, но и тоа што останатите компоненти, како батеријата и матичната плоча, не можат да се виткаат.

Samsung веројатно ќе ги подели овие компоненти на два дела, што би било најлогично решение, но има и најави дека и тие може да бидат еластични.Телефонот ќе има систем за преклопување сличен на старите телефони со таков механизам, со специјални пружини кои ќе го држат исправен и кои нема да дозволуваат телефоно лесно да се витка, односно додека го користите во рацете.

Специфични информации за телефонот на LG се уште нема, но нема да биде изненадување доколку тие први лансираат ваков телефон. Интересно, според истите информации, Apple би сакал исто така да лансира iPhone со ваква технологија, но за тоа веројатно ќе треба да почекаме со 2018 година.

samsung-foldable-phone-patent-3

Како и да е, после подолго време, конечно ќе видиме вистинска промена во дизајнот на паметните телефони. Свитливите дисплеи отвораат многу нови можности, па наскоро би можеле да видиме неколку различни типови на телефони на виткање или преклопување, како што тоа беше случај во минатото.

Извор: Techno Buffalo, Pocketnow

Претходна статијаYahoo Mail со нови апликации и најавување без лозинки
Следна статијаMicrosoft почна автоматски да го инсталира Windows 10, па рече дека е по грешка