optional-but-selected-by-default
Фото: Ars Technica

Сите знаеме дека желбата на Microsoft нивниот најнов оперативен систем, кој што се покажа како одличен, да успее е голема. По делумниот неуспех на Windows 8, како и малиот процент кај мобилните уреди, Windows 10 има за цел да биде инсталиран на милијарда корисници во наредниот период.

За да ја оствари оваа само-поставена цел, од компанијата од време на време се решаваат на дискутабилни одлуки кои што треба да го зголеми бројот на корисници на Windows 10.

Веќе можевме да прочитаме дека фајловите потребни за инсталирање на надградбата автоматски се симнуваат во позадина, па корисниците губат од 3 до 6 гигабајти од својот месечен интернет сообраќај, како и од просторот за складирање. Ова сигурно во денешно време ретко за кого е проблем, меѓутоа реакција од корисниците секогаш доаѓа кога нешто се прави без нивна одлука.

Сега симнатите фајлови почнаа да се ставаат во употреба, односно надградбата на Windows 10, која е ставена како изборна во Windows Update, е автоматски чекирана и доколку корисникот не забележи и притисне на Install Updates копчето, наредното вклучување на системот ќе биде на Windows 10.

Се разбира, сето ова се однесува за легалните Windows 7 и Windows 8 оперативни систем, за кои што и следува бесплатната надградба до идното лето.

Сепак, нема потреба од загриженост доколку сте дел од корисниците кои што се’ уште не сакаат да ја инсталираат најновата верзија од Windows. По пријавите, Microsoft преку одговор за ArsTechnica порталот изјави дека се работи за ненамерна грешка која што веќе е исправена.

Како дел од напорот да го донесеме Windows 10 на постојните корисници на легален Windows 7 и Windows 8.1, Windows 10 надградбата може да се појави како изборна надградба во Windows Update. Ова е интуитивно и деверливо место каде што луѓето одат да најдат Препорачани и Изборни надградби за Windows. Во неодамнешните Windows надградби, оваа опција беше чекирана стандардно, ова беше грешка и го отстрануваме чекирањето. – изјавија од Microsoft за ArsTechnica

Тоа значи дека Windows 10 ќе остане како изборна надградба, меѓутоа ќе се инсталира само доколку вие самите одлучите да го направите тоа.

Би требало да се истакне дека Windows 10 се покажува како одличен оперативен систем и веруваме дека корисниците ќе се одлучат за негово користење без дополнителни „мотивациски“ потези.

Извор: ArsTechnica, Engadget

Претходна статијаSamsung и LG ќе лансираат телефони што ќе се виткаат веќе наредната година
Следна статијаAcer Jade Primo е Windows 10 Continuum телефон со маус и тастатура во пакувањето
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.