04_SM-G850F_011_white

Најголемиот производител на мобилни уреди почна да губи дел од продажбата, покрај другите фактори и поради веќе доста критикуваната пластика која што ја користат во своите уреди. Исто така дизајнот на нивните уреди не е променет веќе неколку модели, па продажбата на најновиот Galaxy S5 не е на очекуваното ниво.

Во последните месеци од компанијата почнаа да најавуваат промена на дизајнот кој што го користат во нивните најдобри модели, па денес конечно го претставија очекуваниот Galaxy Alpha. Главната карактеристика на овој модел, барем кога се работи за дизајнот е вклучувањето на метална рамка од неговите страни. Рамката е одлично дизајнирана, со израмнети рабови, а може слободно да се каже дека таа изгледа скоро исто како рамката на новите iPhone модели. Задниот дел од телефонот го задржува материјалот кој што се користи во S5 моделот.

03_SM-G850F_005_silver

Од останатите карактеристики Samsung Galaxy Alpha доаѓа со 4,7 инчен HD Super AMOLED екран со резолуција од 1280 x 720 пиксели. Ова е до некаде разочарувачка карактеристика која што не може да се оправда со додавањето на метална рамка, поради која што очигледно одредени карактеристики ќе мора да бидат намалени. Сепак останува да ја видиме цената на уредот која што уште не е најавена, пред да можеме целосно да оцениме дали соодветствува на вклучените карактеристики.

Galaxy Alpha вклучува осум јадрен процесор, Quad 1.8GHz + Quad 1.3GHz, како и 2GB RAM меморија. Внатрешната меморија вклучува простор од 32GB без можност за проширување преку SD картица. Камерите се со 12MP на задната и 2.1MP на предната страна. Батеријата е со капацитет од 1.860 mAh, што е исто така една од намалените карактеристики на уредот, барем ако се спореди со S5 моделот. Доаѓа со димензии од 132.4 x 65.5 x 6.7 mm и тежина од 115g. Работи на најновата верзија од Android оперативниот систем, односно 4.4.4. Исто така вклучени се најновите сензори кои што беа претставени со S5 моделот, односно сензорот за пулс и сензорот за отисоци од прсти.

Телефонот ќе доаѓа со можност за избор од неколку бои, односно црна, бела, златна, сребрена и сина.

Извор: Samsung Press

Претходна статијаПочетната страна на Apple во чест на Robin Williams
Следна статијаХотел во Калифорнија претстави роботи за услуга во собите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.