samsung_galaxy_round

Откако беше најавен минатиот месец, Samsung денеска го претстави првиот мобилен телефон со заоблен екран. Не се изнесени многу информации околу функциите што би биле специфични за ваков вид на телефон, а исто така во почеток ќе биде достапен само во Јужна Кореа.

Телефонот доаѓа со 5,7 инчен Super AMOLED екран со Full HD резолуција. Тежи 154 грама, и е 7,9 милиметри во дебелина. Работи на Android 4.3 и доаѓа со 2.3GHz четири јадрен процесор, 3GB рам меморија и избор од 32 и 64GB внатрешна меморија. Исто така има и 13 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 2800 mAh.

Она што до сега е објавено од страна на Samsung се неколку уникатни можности што ги нуди Galaxy Round. Кога телефонот е заклучен и поставен на маса, поради заобленоста истиот може да го навалите на страна. Со навалување на телефонот се појавува екран со информации за пропуштени повици, дата, часовник, состојба на батеријата. Оваа функција ја нарекуваат Roll Effect. Со искористување на заоблената форма на телефонот исто така може да ја контролирате музиката што ја слушате или албумот со слики. Со навалување на телефонот на десно, ја пуштате наредната песна, додека со навалување на телефонот на лево, ја пуштате претходната песна.  Истото можете да го направите кога разгледувате слики.

Претходна статијаНова верзија на myTube за Windows Phone 8
Следна статијаMicrosoft исплати $100.000 за пронајден пропуст во Windows 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.