Samsung Galaxy Fold треба да биде достапен во продажба некаде од идниот месец. Ова е првиот и долгоочекуван уред со екран кој се превиткува од Samsung, а секако нема да биде и последниот.

Според информации од извори на Bloomberg, Samsung веќе ги планира и е во развој на наредните два модели со екран на превиткување, кои треба да бидат претставени до крајот на годината или на почетокот од идната.

Двата нови модели треба да бидат поразлични од првиот, односно од Galaxy Fold. Овој модел има два екрани и се превиткува навнатре, односно големиот екран се затвора, а уредот може да се користи како смартфон со надворешниот и помал екран.

Првиот нов модел, кој наводно би бил претставен до крајот на годината, ќе се правиткува хоризонтално, односно од горниот кон долниот дел. Тоа е слично со уредот којшто се очекува од Motorola, направен во стилот на стариот и познат RAZR.

Вториот уред ќе биде посличен со Fold, со тоа што ќе се превиткува нанадвор, односно нема да има втор екран. Ова е слично со правецот во којшто отиде Huawei, со нивниот Mate X, а според многу е и подобар од тоа за кое се реши Samsung со Galaxy Fold.

Изворите на Bloomberg исто така кажуваат дека од Samsung планираат да нудат бесплатна замена на екранот на Galaxy Fold за којшто се очекува да почне да има мала бразда на делот каде што се превиткува и за истото уште нема решение.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДостапни првите слики од новиот Microsoft Edge направен на основа на Chromium
Следна статијаTехнологијата e исклучително важна за развој на медицината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.