„Поглед одблиску“ на Samsung Galaxy Fold (Видео)

Можеби Samsung не се реши да го направи достапен за „чепкање“ заедно со S10-ките, но затоа сега ни го прикажува Galaxy Fold преку ова детално видео

Иако во Сан Франциско бевме за да го видиме претставувањето на Galaxy S10 телефоните, сепак се надевавме дека ќе можеме да го видиме и Galaxy Fold во „Experience Room“ каде беа изложени останатите уреди.

Со оглед на тоа што од компанијата сепак не се одлучија да го овозможат уредот со останатите, останува да го почекаме неговото официјално започнување со продажба од втората четвртина на оваа година.

Samsung за да ни го олесни чекањето објави видео во кое го прикажува Fold детално, од сите страни и одблиску, па можеме да добиеме реална претстава за тоа како изгледа овој уред.

Galaxy Fold има два екрани, односно главниот кој се превиткува и е со големина од 7,3 инчи и уште еден помал екран кој се наоѓа на надворешната страна и е со големина од 4,6 инчи.

Како што може да се види и на видеото, Fold ќе може да полни други уреди, исто како S10, а се гледа и посебно направениот механизам на делот што се преклупува.

Може да се види дека од компанијата овој уред го замислуваат да се користи во главно преку поголемиот екран, додека помалиот е тука за кога корисникот е излезен и уредот му е потребен само за да провери нешто или да направи повик.

ИЗВОРSamsung
Претходна статијаДали Facebook/Google се монополи? (2/3)
Следна статијаMotorola оствари профит во третиот квартал од фискалната 2018/2019 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.