GALAXY-S5_Combi-2P-0219-599x424

Како што веќе неколку пати можеше да се прочита, Samsung иако успева да го задржи местото во светот како производител број еден на мобилни телефони, продажбите сепак не одат според планираното. Официјални информации за продажбите што ги има направено оваа компанија уште не се објавени, па овие информации доаѓаат од наводно сигурни извори на The Wall Street Journal.

Според нив Samsung се соочува со помала продажба од планираното на Galaxy S5 моделот за кој што веќе имаат поголема количина на залихи. Доколку се спореди продажбата во првите три месеци од претставувањето со истата на претходниот S4 модел, се гледа прилично голема разлика. Оваа година S5 се има продадено во количина од 12 милиони примероци за разлика од 16-те милиони на S4 минатата година.

Samsung исто така има произведено 20% повеќе S5 уреди од ланската година со S4 моделот, како резултат на анкетирање на операторите кои што ги продаваат нивните уреди. Слободно може да се каже дека тие имаат утнато во нивното предвидување, меѓутоа според изворот на WSJ, тие не се држени како одговорни за непродадените уреди.

Падот на продажбите на Galaxy S5 се случува во целиот свет освен во САД каде што бележи раст. Сепак голем пад на продажбата има во Кина, пазар кој што се смета за огромен и брзорастечки, па може многу да влијае на вкупните продажби на една компанија.

На кинескиот пазар дополнителен проблем предизвикуваат другите кинески компании кои што започнаа да продаваат интересни уреди со нешто пониски цени од тие на големите како Samsung. Тука се Xiaomi, кои што веќе го надминаа Samsung во Кина, како и Lenovo и Huawei.

Според изворите на WSJ, ваквата ситуација во Samsung може да доведе до промена во директорските позиции на врвот од компанијата. Поточно, досегашниот CEO (Samsung има модел на неколку главни директори) и директор на мобилната дивизија J. K. Shin би бил заменет со B.K. Yoon исто така еден од главните директори. Yoon исто така ја води дивизијата за телевизори, фрижидери и друга домашна техника.

Исто така, веќе можевме да прочитаме за планот на Samsung да го намали бројот на модели на паметни телефони идната година. Како дел на оваа одлука е и намалувањето на разликата во компонентите кои што се користат во поскапите и поевтините модели, со што ќе се овозможи намалување на трошоците.

Извор: WSJ, Forbes, Mashable

Претходна статијаАуди А-7 h-tron – автомобил на водородни ќелии достојна конкуренција на Тесла С
Следна статијаGoogle воведе можност да ги видите уредите кои имаат пристапено до вашата сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.