Screenshot 2014-11-25 18.28.01

Google нуди повеќе можности како да се осигурате дека вашата сметка ќе остане безбедна и дека само вие имате пристап до истата. Покрај стандардната препорака за користење на сложена и различна од други ваши страни лозинка, ја имате можноста за користење на дво-степена автентикација.

Доколку и тоа не е доволно за да бидете сигурни дали вашата сметка е доволно безбедна, достапни се информации за тоа кога се имате најавено на истата, како и од која локација.

Од оваа недела Google воведува дополнителна функција на оваа таканаречена безбедносна контролна табла. Сега имате можност да ги видите уредите од кои што се имате најавено на вашата сметка, па доколку во листата има уред кој што не го поседувате, можете веднаш да ги промените лозинката и другите безбедносни информации.

На листата се прикажани сите уреди кои што имаат пристапено до вашата сметка во последните 28 дена. Покрај уредот прикажана е и локацијата на истиот, како и времето кога има пристапено до уредот. Листата прикажува било какво пристапување до вашата сметка, односно не само најавување на истата. Тоа значи дека доколку го вклучите вашиот Android уред и проверите Gmail, на листата ќе можете да ја видите таа активност со точниот час.

Со притискање на уредот, можете да видите и повеќе детали, како на пример апликацијата која што има пристапено до сметката, како и можност за откажување на пристапот до сметката на тој уред.

До листата се пристапува преку најавување со вашата Google сметка и одење на Account > Security или директно преку следниот линк.

Devices and Activity dashboard

Извор: Google, Wired

Претходна статијаПослаба продажба на Galaxy S5 од предвидената, можни промени во врвот на Samsung
Следна статијаБиометриската автентикација наскоро ќе ги замени лозинките, според Интел и Мекафи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.