Наредната „револуција“ која се очекува кај смартфоните ќе биде во претставувањето на модели кои ќе може да се превиткаат. Со тоа смартфоните ќе може да се користат во исто време и како телефони, но и како поголеми таблет компјутери.

Дефинитивно се работи за уреди кои ќе бидат навистина корисни и интересни, само уште останува да ги видиме на пазарот.

Надежите најмногу беа насочени кон Samsung, во главно поради фактот што тие и се најпознати и најдалеку отидени во развојот на екрани. Веќе неколку години нивните модели се познати по малата закривеност на страните, нешто што се смета како вовед во целосно свитливи и флексибилни екрани.

Повеќе пати можевме да прочитаме за Samsung Galaxy X. Ова требаше, можеби и уште треба, да е моделот од компанијата којшто ќе има свитлив екран. Последната информација дури навестуваше дека Samsung ќе го прикаже барем овој модел на почетокот од идната година. SM-G888NO е кодното име најдено на страна од Samsung за кое почна да се очекува дека е Galaxy X.

Сепак, телефонот со ова кодно име испадна дека е тотално друг уред. Се работи за смартфон наменет за индустријата, односно за корисници на кои им е потребен издржлив уред, поради типот на работа.

Со ова значително се намалуваат надежите за наскоро претставување на еден уред кој може да се превитка. Останува само да се надеваме дека сепак 2018 ќе биде годината кога ќе видиме еден ваков уред, па макар и од друг производител, иако шансите се реално помали.

Извор: TechRadar, Trusted Reviews

Претходна статијаApple ќе ги унифицира апликациите за своите оперативни системи
Следна статијаFacebook ја активираше алатката која „лови руска пропаганда“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.