Неколку пати досега можевме да прочитаме дека Apple планира промена на стилот на копчињата кај iPhone 15 Pro серијата. Тие наместо како досега да бидат класични физички копчиња, ќе бидат направени нешто слично како што функционира „touchpad-от“ кај MacBook компјутерите. Тоа значи дека копчето ќе биде рамно, нема да се притиска, а „информацијата“ дека е притиснато ќе се добива преку мали вибрации кога ќе се проба да се притисне на тој дел.

Доколку овие промени навистина се во план, можеме само да се надеваме дека од Apple ги имаат доволно тестирано овие „копчиња“ и дека намалувањето и зголемување на звукот нема да стане комплицирана активност.

Во овој правец одат нови слики објавени од веќе познатиот ShrimpApplePro, кој досега точно погоди неколку новини од Apple.

Од сликите може да се види дека промени ќе има и кај копчето за вклучување на тивок режим, па наместо да функционира како кај сите iPhone телефони досега, кај 15 Pro серијата ќе биде класично копче кое само се притиска.

Основните модели нема да ги имаат овие промени, па ќе изгледаат како и досегашните телефони.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаРепубличкиот совет за безбедност во сообраќајот со апел: „Користете сигурносни појаси“
Следна статијаNetflix планира во иднина нивните игри да се играат преку стриминг сервис за игри
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.