Фото: Shutterstock.com

Иднината на игрите од Netflix е во „cloud“ гејминг сервис, нешто што ќе овозможи играње на игрите директно од апликацијата, без инсталирање, но и играње од било кој уред, вклучувајќи ги и телевизорите.

Оваа информација ја имаат дадено од компанијата минатата година, а истата е потврдена и сега. Тоа што останува е само да се почне со посериозен развој на овој сервис, но изгледа дека сепак години ќе поминат пред да биде пуштен.

Начинот на којшто сега функционираат игрите на Netflix, нешто што од компанијата очигледно сериозно го сфаќаат, не донесува некоја посебно голема популарност на истите. Корисниците можеби би биле повеќе спремни да ја пробаат некоја од игрите доколку истата може веднаш да се пушти директно преку Netflix апликацијата.

Ова е нешто што би функционирало така доколку игрите се на сервер и играњето се прави преку стриминг, исто како што е случајот со останатата содржина на Netflix.

Една од главните придобивки на користењето на „cloud“ систем за игри е можноста тие да се играат на телевизорите. Кога од Netflix ќе ја пуштат оваа можност, тие може да станат сериозна конкуренција на играчките конзоли, а луѓето кои не се до толку внесени во гејмингот, ќе имаат поедноставна алтернатива за забава од време на време.

Од Netflix го започнаа својот влез на пазарот на игри во 2021, а во меѓувреме купија и неколку гејминг компании со што стана јасно дека од компанијата планираат сериозна инвестиција во овој дел од пазарот. Игрите се нешто што ги издвојува како сервис од конкурентите, па сигурно планот е на тој начин да задржат голем дел од корисниците кои сега имаат голем избор.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаНови слики ги прикажуваат променетите копчиња кои се очекуваат кај iPhone 15 Pro
Следна статијаПроектот “Струмица – Паметен Вело Град“ се реализира согласно европските стандарди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.