Во рамките на Lenovo Tech World ’22, Motorola, брендот во сопственост на Lenovo, прикажа интересен концепт на смартфон со екран кој се намотува, наместо да се превиткува како што е случајот во главно на достапните уреди.

Телефонот преку намотување на еластичниот екран ја менува својата големина од 4 инчи на 6,5 инчи со што се добива големина повеќе стандардна за денешните смартфоните. Намотувањето се прави на долниот дел од уредот, а со тоа големината се менува во вертикала.

Овој концепт е во рамките на Motorola RAZR од компанијата кој во основа на корисниците им ја нуди истата предност, стандарден смартфон кој може да се намали за полесно носење во џебот и кратко користење во движење.

Концептот е направен од страна на 312 Labs, сектор во компанијата каде се експериментира со вакви интересни технологии и иновации.

Од компанијата не дадоа нешто повеќе информации околу овој уред, а тоа и не е чудно со оглед на тоа дека се работи за концепт кој треба да ја покаже спремноста за иновација. Очекувањата дека ќе видиме на пазарот ваков производ во блиска иднина не се баш реални.

Не е првпат да видиме концепт во овој правец, меѓутоа уште чекаме на претставување на официјален производ достапен на пазарот.

ИЗВОРLenovo
Претходна статијаGoogle ја пушти Go верзијата од Android 13 за уредите од најниската класа
Следна статијаPickbox NOW носи ексклузивни европски филмови – директно од европските фестивали
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.