Moto G серијата од Motorola е позната по одличните телефони од средната класа кои доаѓаат со одредени карактеристики кои ги има во повисоките класи. Корисниците со оваа серија можат да бидат сигурни дека за прилично ниска цена добиваат одличен уред којшто ги има сите потребни и нови карактеристики.

Moto G8 е најновиот телефон од оваа серија и Motorola ги истакнува камерите кои сега се три на задната страна, а тука е и вештачката интелигенција која овозможува многу подобри слики веќе со години.

Трите камери на задната страна вклучуваат камера со 16 мегапиксели и f/1.7 бленда со што се овозможува подобро сликање во темни услови. Втората камера е со 8 мегапиксели и овозможува ултра широк агол на сликање и третата камера која е со 2 мегапиксели е тука за сликање од блиску. Moto G8 доаѓа и со ласерско автоматско фокусирање кое овозможува многу побрзо и попрецизно фокусирање на сликата.

На предната страна се наоѓа една камера со 8 мегапиксели која е поставена во дупка во екранот, решение кое се покажа многу подобро за разлика од исечоците, а посебно тие поголемите.

Екранот на G8 е со големина од 6,4 инчи и има резолуција од 1560 на 720 пиксели. Работи на Snapdragon 665 процесорот со 8 јадра и има 4GB RAM меморија, како и 64GB простор за податоци со можност за додавање на картичка.

Батеријата на телефонот е со капацитет од 4.000 mAh, па кога ќе се земе во предвид процесорот од средната класа, како и резолуцијата на екранот, овој телефон треба без проблеми да го „истера“ целиот ден.

Moto G8 треба да стане достапен во Европа и ќе има цена од околу 250 евра.

ИЗВОРMotorola
ИЗВОР 2PhoneDog
Претходна статијаFacebook со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи
Следна статијаTCL претстави неколку концепти на уреди со екрани кои се превиткуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.