Според протечени рендери од новиот знаменосец на LG, кај G5 веројатно ќе видиме големи промени во дизајнот и целосната функционалност, но со задржана мала рамка околу дисплејот, која ќе треба да ги задржи компактните димензии.
Информациите велат дека дисплејот ќе биде зголемен на 5,6 инчи и ќе има Quad HD резолуција како и досега. Целосните димензии на уредот ќе останат скоро подеднакви и покрај зголемувањето – новиот уред ќе биде повисок за 0,5 mm, потесен за 2,2 mm и потенок за 1,8 mm, односно ќе има димензии од 149,4 x 73,9 x 8,2mm.
Она што е сепак поинтересно е тоа каде ќе биде сместена батеријата. Како и кај актуелниот модел и во G5 таа ќе може да биде лесно променлива, но сега ќе се вади од долниот дел, со лизгање на пластичната обвивка. Вакво дизајнерско решенио веќе имаме видено кај неколку модели на HTC и истото придонесува за задржување на “Unibody” изгледот и цврстината на телото за разлика од телефоните со заден поклопец – кај G5 задниот дел веројатно ќе биде од алуминиум.
На дијаграмите може да се види и големиот заден модул за камерата, кој навестува употреба на поголем сензор и оптика со побрза бленда, како и двоен LED блиц, што ултимативно треба да придонесе за подобри резултати, особено во потемни услови. Резолуцијата на камерата веројатно и натаму ќе биде 16 мегапиксели, а како и досега ќе биде достапен ласерски автофокус.
Конечно, за разлика од копчињата за гласност и палење поставени во задниот дел во G4, кај новиот модел повторно ќе се најдат на стандардното место отстрана, како и кај мноштвото конкуренти.
LG G5 најверојатно ќе доаѓа со вграден Snapdragon 820 чип помогнат од 3 GB рам меморија, што е прилично голем скок од Snapdragon 808 на актуелниот модел и USB Type-C приклучок кој ќе овозможи побрз пренос на податоци и побрзо полнење.
Извор: TechnoBuffalo, Android Authority, TechTimes