Новите iPhone 16 телефони, кои дојдоа со новата iOS 18 верзија донесуваат една новина која треба да им ги олесни малку ситуациите кога нивниот телефон е „закочен“, односно не се вклучува. 

Досега кога ќе се случеше ова кое на англиски е популарно како „bricking“ и телефонот ќе влезе во таканаречениот „recovery“ режим, корисниците требаше да го поврзат својот телефон со Mac и Windows компјутер за да можат да го вратат во функција. 

Новите телефони од Apple воведуваат можност која досега беше достапна за „враќање“ на Apple Watch и Apple TV. 

Повторното враќање во функција на закочените iPhone 16 модели ќе може да се направи со помош на друг iPhone и тоа безжично. Дечките од 9to5Mac истакнуваат дека корисникот се што треба е да постави друг iPhone телефон до закочениот и процесот ќе започне автоматски. 

Потребниот софтвер ќе биде симнат и инсталиран на iPhone 16, по што тој повторно ќе може да биде вклучен и да се користи. 

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаАЕТСМ и компанијата Visa доделуваат 10 бесплатни верификации за стекнување со Беџ за верификуван е-трговец
Следна статијаПрва меѓународна „коучинг“ конференција од 6-7 ноември – Животот е процес, развојот е опција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.