Фото: Shutterstock.com

Познатиот „предвидувач“ на што е тоа што може да се очекува од непретставените производи од Apple, Минг-Чи Куо, излезе со информација дека iPhone 13 ќе дојде со можност за поврзување со сателитите и со тоа да овозможи сервис дури и кога корисникот е на локација каде нема мрежна покриеност.

Поврзувањето би можело да се направи со сателитите во ниската орбита на Земјата, а пример за вакви сателити се тие од Starlink сателитите од SpaceX. За разлика од стандардните сателити, овие се поставени пониско и поради тоа се добиваат одредени предности, како помало доцнење на сигналот и информациите, како и можност за независно функционирање на интернет конекцијата само преку сателитите.

Не се само SpaceX кои имаат сателити за таа намена во ниската орбита, па се претпоставува дека Apple имаат соработка со друга компанија. Оваа соработка ќе им овозможи на корисниците на iPhone 13 да можат да имаат сервис и на локации каде не се достапни мобилни базни станици. За ова секако операторот кој го користи корисникот ќе мора да има договор со компанијата која ги има сателитите.

За да ја има оваа можност, iPhone 13 се најавува дека ќе дојде со X60 чипот од Qualcomm, кој е наменет токму за ваква комуникација.

Ова нема да им направи разлика на обичните корисници, но сигурно iPhone ќе стане многу повеќе привлечен за корисниците кои често одат на места каде нема покриеност со мобилна мрежа.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаWizz Air најави четири нови рути од Македонија
Следна статијаWindows 11 ќе може да се инсталира на компјутерите кои не ги задоволуваат минималните побарувања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.