Yash Raj Chaudhary

Полека почнуваат да излегуваат и неофицијалните информации за наредниот телефон од P серијата на Huawei, односно P40. Доколку тие се покажат како точни, овој телефон ќе биде повторно еден од најдобрите на пазарот.

Според овие информации, P40 ќе има екран со стапка на освежување од 120 Hz, нешто што се најавува како можност и за Galaxy S11. Досега ваков екран имаа само неколку модели, од кои во главно наменети за гејминг, а Pixel 4 од Google е меѓу првите кои тоа го ставаат за сите корисници со нивниот екран со стапка на освежување од 90 Hz.

Поголемата стапка на освежување на екранот ќе овозможи многу помека слика, која ќе биде попријатна за очите, како и подобра контрола на уредот. Секако, ваквата стапка ќе овозможи подобро искуство за играње на игри, па и за гледање на одредена содржина, нешто што се почесто се прави преку мобилните телефони.

Втората работа која исто така би направила голема разлика, може и поголема од екранот е батеријата. Истата ќе биде наводно со капацитет од дури 5.500 mAh, па заедно со веќе познатата издржливост на софтверот и оптимизација на Huawei, може да се очекува целодневно издржување на батеријата и за најмногу активните корисници.

Оваа батерија се истакнува дека ќе биде направена со графен што ќе овозможи да таа биде помала од иста литиумска батерија.

Брзото полнење кое секогаш е карактеристика на Huawei, ќе биде со 50W и ќе ја полни батеријата за само 45 минути.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.