Дали веруваш во урбани легенди? Што ако дознаеш дека сите урбани легенди се вистинити и дека има агенција чија главна задача е да го испитува паранормалното?

Токму тоа е Агенцијата за Опсервација, Транспорт, Лабораторија и Контрола – ОТРАЛКОН, чии документи беа главниот предмет на интерес во интерактивната книга Урбанон: Тајните Документи на Марио Савовски во издание на Современост, која излезе минатата година со голем успех.

Оваа година пристигнува продолжението во форма на првата македонска друштвена игра со улоги (tabletop role-playing game) – Урбанон: Прирачник за Агенти, чија промоција ќе се оддржи на 20ти Декември во Beertija Pub со почеток во 20:00 часот.

Нешто што го немало досега кај нас, играта е уникатна интерактивна приказна со повеќе играчи и еден Контролор (Game-Master) која главно се игра со разговарање помеѓу играчите и со фрлање на коцки. Секој играч си има свој карактер претставен на лист хартија исполнет со информации и атрибути. Преку тој карактер, играчот има удел во здружената приказна во која се наоѓаат сите играчи. Секој играч донесува одлуки за својот карактер, и со тоа влијае на останатите карактери и го менува самиот тек на приказната.

Преку Прирачникот, авторот Марио Савовски ги повикува играчите да навлезат во светот на Отралкон, да станат агенти и да истражуваат урбани легенди низ целата територија на Македонија.

Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/1701609993308727/ 

Претходна статијаНајави дека Huawei P40 ќе дојде со екран со стапка на освежување од 120Hz и батерија со 5.500 mAh
Следна статијаThe Mandalorian продолжува да гази