Huawei продолжува да претставува одлични телефони и покрај неможноста тие да бидат со Google апликациите и сервисите. Факт е дека продажбата не може ни да се спореди со времето пред блокадата која започна во времето на Трамп, но компанијата продолжува да функционира.

Два нивни уреди, кои беа претставени во март оваа година, излегуваат од Кина и ќе станат достапни во остатокот од светот, вклучувајќи ја и Европа. Не сме сигурни за нашиот пазар, па за истото ќе треба да почекаме да ги видиме понудите.

Mate X3, најновиот уред на преклоп од Huawei, како и P60 Pro, се уредите кои стануваат достапни, а според информациите ќе се продаваат по прилично високи цени. Mate X3 треба да биде достапен за 2200 евра, додека P60 Pro за 1200.

Huawei Mate X3 донесува помала тежина и дебелина во споредба со претходниот модел, а тука е и целосно редизајнираниот изглед на овој уред, заедно со механизмот за преклопување.

P60 Pro, карактеристично за оваа серија од Huawei, ги донесува едни од најдобрите камери на пазарот, а оваа компанија отсекогаш била позната по квалитетот на слики кои корисниците можат да ги прават.

Како што истакнавме, за жал, телефоните не доаѓаат со Google сервисите и апликациите, па иако на некои корисници тоа не им пречи, а App Gallery има доста апликации, сепак брендот изгуби голем дел од своите фанови.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаMediaTek го претстави засилениот Dimensity 9200+
Следна статијаDiscord е доволно голем да сите корисници мора да изберат ново корисничко име
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.