Последните неколку верзии од највисока класа на Dimensity чипови од MediaTek започнаа да нудат вистинска конкуренција на другите, односно во главно на Qualcomm. Ланскиот Dimensity 9200 чип дојде со Cortex-X3 јадрото, нова ARM архитектура, како и поддршка за „ray tracing“ технологија кај игрите.

Чипот слободно може да се каже дека се’ уште е сериозна конкуренција на Snapdragon 8 Gen 2, но сепак од компанијата сакаат да имаат на пазарот нешто што е на првото место, барем на хартија.

Како што тоа го прави и Qualcomm, MediaTek претставија надградена верзија од нивниот лански чип и тој го носи името Dimensity 9200+. Како една од главните придобивки од засилениот чип се перформансите за играње на игри, па телефоните кои ќе излезат со овој чип, ќе донесат доста големи очекувања.

Начинот на којшто од MediaTek го постигнуваат засилувањето на чипот е со зголемување на фреквенцијата на процесорот, односно на сите јадра. Главното јадро, односно Cortex-X3 добива зголемување од 3,05 на 3,35GHz. Трите Cortex-A715 јадра добиваат зголемување од 2,85 на 3GHz, како и четирите јадра за заштеда на енергијата, Cortex-A510 добиваат зголемување од 1,8 на 2GHz.

Дополнително, нешто што е доста важно за корисниците кои играат игри, Immortalis-G715 графичкиот процесор е подобрен за 17%, барем такво е тврдењето на MediaTek. Според нив, игрите кои правеле делумни проблеми при играњето, со овој чип ќе може да се играат без никакви приблеми.

Остатокот од чипот е прилично непроменет, но карактеристиките кои остануваат исти веќе се доста добри, сепак ланскиот чип беше претставен во ноември.

Наредно што чекаме овој период е да го видиме одговорот од Qualcomm со претставувањето на Snapdragon 8+ Gen 2.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаОд хартија до пиксели – дигитална трансформација на општините
Следна статијаHuawei Mate X3 и P60 Pro стануваат достапни надвор од Кина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.