Huawei Mate 30 Pro прикажан на неофицијални „рендери“

Не е познато колку се точни овие слики, меѓутоа покажуваат дека Mate 30 Pro ќе има четири камери на задната страна, а исечокот ќе биде заменет со дупка за двете камери на левата страна од екранот

Има уште доста додека дојде времето за претставување на наредната генерација од Mate серијата, односно Mate 30. Тука и посебно се истакнуваат проблемите кои ги има Huawei периодов со американските власти и најавата дека ќе биде намалено производството на уреди.

Сепак и покрај тоа што не е точно јасно што да се очекува до крајот на годината, како и самиот извор на „рендерите“ кој не е од неколкуте проверени, да видиме што е тоа што ни го претставуваат како Mate 30 Pro.

Прво што може да се забележи е тргањето на исечокот на предната страна од уредот, па наместо тоа Huawei наводно се има решено да ги постави двете предни камери во дупка, како што тоа го направи Samsung во S10+, меѓутоа на левата страна.

Другата работа која може да се забележи е дека бројот на камери на задната страна овој пат би биле четири, наместо три како минатата година. На тоа треба да се додадат и дополнителни неофицијални информации кои говорат дека една од камерите ќе има 5x зум, како што е случајот со P30 Pro.

Големината на екранот на Mate 30 Pro се очекува да биде околу 6,7 инчи, а можно е вклучување на нов избор на бои.

Видеото со „рендерите“ е на почетокот од статијата, па самите можете да видите и процените дали истите се реални.  

ИЗВОРGSM Arena
ИЗВОР 2TechRadar
Претходна статијаЧекајќи ги операторите, Google реши сам да го забрза имплементирањето на нивниот RCS систем
Следна статијаHuawei ја одложува продажбата на Mate X поради правење на дополнителни тестирања
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.