Shutterstock.com

Huawei беше втората компанија, од поголемите, која покрај Samsung претстави свој уред со екран којшто се превиткува. Наречен Mate X, за некои ова решение на Huawei е подобро од тоа на Samsung. Разликата од двата модели е што тој на Huawei се превиткува на надвор, со што уредот има само еден екран.

Иако од Huawei не дадоа точен месец кога планираат да почнат со продажбата на Mate X, сепак најавата беше дека тоа ќе биде до половината на годината. Најновите информации говореа дека тоа треба да биде во јуни, но тоа изгледа нема да се случи.

Од компанијата се имаат решено да направат дополнителни тестирања за да бидат сигурни дека апликациите ќе работат без проблем кога екранот е отворен, но уште поважно дека екранот нема да може лесно да се оштети при користење.

Ова секако доаѓа по проблемите кои се јавија со Galaxy Fold на Samsung, па од Huawei не сакаат да им се случи истото и на нив.

Најновите информации говорат дека продажбата е одложена за септември, што значи дека не е откажана. Истото важи и за Samsung кои треба да ја најават новата дата кога нивниот Galaxy Fold ќе почне да се продава.

Сепак, како втора причина за одложувањето на продажбата се истакнува и проблемите кои Huawei почна да ги има во меѓувреме со американските власти. Тие најверојатно, ако не се најде некое решение, нема да можат да ја инсталираат верзијата од Android за која Google обезбедува надградби, како и Google сервисите и апликациите.

За Mate X се кажува дека не е дел од тој проблем поради тоа што тој е претставен пред почетокот на проблемите, меѓутоа и тоа не е баш сигурно и јасно.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2CNBC
Претходна статијаHuawei Mate 30 Pro прикажан на неофицијални „рендери“
Следна статијаMozilla Firefox 67.0.3 исправа сериозен безбедносен пропуст кој веќе се искористува од хакерите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.