До брзо решение кое ќе ги реши потенцијалните проблеми на Huawei со американските власти не дојде, иако тоа некако беше и очекувано. Јасно беше и дека доколку ситуацијата остане каква што е, Huawei сепак нема да може да помине без да трпи нивниот бизнис.
По неофицијалните информации од извори на Bloomberg, сега и директорот на Huawei Рен Женгфеи излезе со делумна потврда на тоа што се претпоставуваше.
„Не очекувавме дека тие ќе не нападнат на толку многу аспекти. Ние не можеме да набавиме компоненти, не можеме да учествуваме во многу интернационални организации, не можеме да работиме блиску со многу универзитети, не можеме да користиме ништо со компоненти од САД и дури не можеме да воспоставиме поврзување со мрежи кои користат такви компоненти.“ – истакна Рен Женгфеи.
Директорот на Huawei очекува дека компанијата ќе успее да се „соземе“ од овие случувања дури во 2021 година. Дотогаш, растот којшто требаше да биде доволно голем за да биде преземено првото место на пазарот на смартфони е прекинато, а тоа го покажуваат и најавените бројки.
Huawei се очекува дека ќе има пад и до 40% во продажбата на смартфони надвор од Кина, додека падот на планираните приходи оди и до 30 милијарди.
Минатата година компанијата имала приходи од околу 104 милијарди долари, а оваа бројка за оваа година се очекува да биде 100 милијарди. Сепак, поради очекуваниот раст оваа година биле планирани приходи од околу 124 до 130 милијарди долари, приходи кои оваа година сепак нема да се остварат.
Компанијата сепак ќе продолжи да функционира одлично на кинескиот пазар, а се планира и засилување. Исто така, се најавува дека нема да има намалување на буџетот за истражување и развој, како и намалување на вработените.