Huawei денес претстави нова верзија од нивниот Mate X, телефон со екран кој се превиткува. Иако ова е трета верзија од Mate X, сепак може да ја наречеме втора генерација поради малата промена кај претходниот модел Mate Xs.

Mate X2 е целосно редизајниран и го менува досегашниот концепт кој го користеше Huawei. Наместо телефонот да има еден екран кој за да се користи во режим на мобилен требаше да се превитка на надвор, Mate X2 се превиткува на внатре, односно како книга. Поради тоа, исто како што е случајот со Galaxy Z Fold од Samsung, достапен е уште еден екран наменет за користење во режим на мобилен телефон.

Ова според нас е доста подобро решение, па добро е што и Huawei реши да почне да го користи.

Од Huawei имаат направено интересно решение со цел да се намали дебелината на уредот поради двете основи кои мора да ги има екранот. Едната страна станува потенка при врвот, со што сигурно ќе се добие многу попријатно корисничко искуство.

Huawei Mate X2 работи на EMUI 11.0 на основа на Android 10, но не најновата верзија од оперативниот систем. Причината за тоа може да е во информацијата дека од компанијата планираат да го надградат уредот на Harmony OS некаде во април.

Што се однесува до карактеристиките, Mate X2 доаѓа со 8 инчен екран кој се превиткува, односно 6,45 инчен екран наменет за користење како мобилен телефон. Резолуцијата на екраните е 2.480 на 2.200 кај поголемиот екран, односно 2.700 на 1.160 пиксели кај помалиот екран. Двата екрани имаат стапка на освежување од 90 херци, што иако е подобро од стандардната, сепак штета што од Huawei се немаат одлучено за повеќе забележливата стапка од 120 херци.  

Процесорот на кој работи уредот секако е Kirin 9000, а достапни се и 8GB RAM, како и избор помеѓу 256 и 512GB простор за податоци.

На задната страна поставени се четири камери со 50, 16, 12 и 8 мегапиксели, а достапна е и една селфи камера на помалиот екран со 16 мегапиксели.

Настанот на кој беше претставен Huawei Mate X2 можете да го погледнете во продолжение.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаАвтоматскиот процес на WIZZ AIR им овозможува на патниците враќање на средствата за една недела
Следна статијаYouTube на Android доби поддршка за 4K HDR видео содржина
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.