Скопје, 22 Февруари 2021 – Wizz Air започна со автоматски процес на враќање на средства минатиот мај за да се справи со големиот број на откажувања, како резултат на пандемијата „Ковид-19“, со тоа што авиокомпанијата доживеа 3000% пораст на барањата за поврат на средства во 2020 година во споредба со нивото од 2019 година.  

Автоматскиот процес значи дека за патниците чии летови се откажани, врз основа на опција избрана од патникот, Wizz Air автоматски ќе им врати 120% од цената како WIZZ кредити, или ќе им даде на патниците можност да добијат 100% поврат на готовина или шанса да резервираат бесплатно. Патниците можат лесно да побараат поврат на средства, со само еден клик на нивниот Wizz Air профил на wizzair.com или следејќи ја пораката добиена преку е-пошта.

Wizz Air секогаш ги охрабрува патниците да резервираат директно на wizzair.com или преку мобилната апликација на авиокомпанијата, за да можат да ги обработат барањата за поврат на средствата што е можно побрзо. Кога резервациите се вршат преку други платформи за резервации на интернет, Wizz Air не може директно да контактира со патникот за соодветните опции за поврат на средствата, бидејќи сопственикот на резервацијата не е патникот, туку платформата преку која се купени билетите. Како резултат на тоа повратот на средствата може да се одложи. Патниците кои резервирале билети преку платформите за резервации на интернет, немаат друга опција освен да се потпрат на постапките на сопственикот на резервациите. Секоја платформа за резервации на интернет има различни начини на справување со барањата за поврат на средства и тие се надвор од влијанието и контролата на Wizz Air.

За да добијат дополнителена заштита во овие неизвесни времиња, патниците можат да купат дополнителна услуга WIZZ Flex со своите билети, што им овозможува флексибилно да ја менуваат резервацијата. Со тоа, патниците можат да го откажат летот до 3 часа пред поаѓање без никаков надомест и да добијат 100% од целата сума веднаш вратена во кредити на авиокомпанијата, како и да ги менуваат датумите, па дури и рутите неограничен број пати.

Zsuzsa Poos, директор за маркетинг и односи со јавност на Wizz Air, изјави: “Во WIZZ, ние сме посветени да го понудиме најдоброто искуство на патниците, поради што инвестиравме многу во автоматизирање на процесот на поврат на средства многу рано во пандемијата. За разлика од другите авиокомпании во Европа, ова им дава многу поправеден пристап на патниците во случај да им биде откажан летот, осигурувајќи им што побрзо да ги добијат парите назад. Горди сме што обработуваме 95% од барањата за враќање на готовина во рок од само седум дена и ќе продолжиме да инвестираме во технологијата за да го направиме процесот на поврат на средства што е можно полесен и интуитивен за да им овозможиме на патниците повторно да патуваат безгрижно.”

Претходна статијаVaio претстави четири нови лаптоп компјутери од познатата Z серија
Следна статијаHuawei го претстави Mate X2 со целосно променет концепт на превиткување