Иако Sony реши да го продаде својот познат бренд Vaio уште во 2014, тој продолжи да функционира во сопственост на групација од компании, во која Sony сепак реши да има одреден удел.

Од новата компанија претставија нова верзија од познатата и скапа серија Z, која и сега не е наменета за сите корисници, со доста високи цени, но и одлични карактеристики.

Со оглед на тоа дека повеќето лаптопи може да се каже дека ги нудат истите и слични карактеристики, Vaio ја издвојува својата нова Z серија со изработка со јаглеродни влакна кои според компанијата за првпат се користи како процес за правење на лаптоп компјутер.

Процесот вклучува три димензионално оформување на калапот од јаглеродни влакна со што се добива доста поголема издржливост со доста помала тежина. Сите модели тежат околу 1 килограм, што е одлично со оглед и на големината на екраните од 14 инчи, односно не се работи за некој од помалите видови на компјутери.

Инаку, Vaio Z серијата доаѓа со 4К резолуција, но нема можност за екран на допир. 11-тата генерација од Intel процесорите во својата H верзија гарантира одлични перформанси карактеристични за десктоп компјутерите, како и RAM од 16 и 32GB. Секако, Vaio Z доаѓа со SSD дискови од 512 до 2TB простор за податоци, како и батерија која од компанијата тврдат дека може да издржи до 10 часа, зависно од користењето.

Vaio Z лаптопите доаѓаат и со заштита на камерата, нешто што е веќе одредено време доста популарно за заштита на приватноста, како и посебен систем кој го детектира корисникот кога ќе дојде до компјутерот, односно кога ќе се тргне, за да го отклучи или заклучи уредот.

Цената на Vaio Z почнува од 3.579 долари, па оди се до 4.179. Од ова е јасно дека овие компјутери не се наменети за секого, а прашање е дали ќе го привлечат вниманието на професионалците со оглед на тоа што не доаѓаат со дедицирана графика, туку само вградената, доста подобра од порано, Iris XE од Intel.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаNASA ги објави првите слики по успешното слетување на Perseverance роверот на Марс
Следна статијаАвтоматскиот процес на WIZZ AIR им овозможува на патниците враќање на средствата за една недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.