Првиот поглед во боја на Perseverance

Минатата недела најновиот ровер од NASA, наречен Perseverance, успешно слета на Марс после седум месечен пат до црвената планета. Мисијата на Perseverance ќе биде да бара знаци за некогашно постоење на живот на оваа планета, а истата ќе започне после неколку денови на тестирање на функционалноста на системите на роверот.

Со роверот исто така доаѓа и дрон наречен Ingenuity, но тој ќе почне да лета дури за неколку месеци.

NASA ги објави и првите слики од и по слетувањето на Perseverance, а се најавува и видео кое уште се „прикачува“ од Марс до Земјата. На видеото ќе може да се види целиот процес на слетување, кој овој пат беше поразличен од минатите мисии и вклучуваше посебно летало на кое роверот беше закачен.

Сликите вклучуваат поглед од орбитата на Марс за време на слетувањето, извадок од видеото при слетувањето, како и две слики во боја и висока резолуција од самиот ровер.

ИЗВОРNASA
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕвропскиот пазар на 5G инфраструктура ќе забележи огромен раст до 2026 година
Следна статијаVaio претстави четири нови лаптоп компјутери од познатата Z серија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.