Фото: Shutterstock.com

Веќе неколку години читаме за тоа дека Google планира да претстави Pixel уред на преклоп, односно со екран кој се превиткува, но тоа никако да се случи. Информациите обично се неофицијални, но тие сепак во повеќето ситуации се имаат покажано како точни, па може да се сметаат како такви и на оваа тема.

Pixel Fold, односно Pixel Notepad, како што исто така може да биде наречен, требаше да го видиме конечно оваа година, некаде во последната четвртина, кога од компанијата ги претставуваат нивните телефони од високата класа.

Сега, The Elec излегоа со информација дека плановите на Google повторно се променети, па претставувањето на „свитливиот“ Pixel е одложено, најверојатно за идната година.

Според изворите на The Elec, причината поради која Google уште не се решава да го претстави Pixel Fold/Notepad е незадоволството на компанијата за тоа колку е целосно завршен уредот.

Може да се претпостави зошто Google неколку пати ги одложува своите планови, а за Apple се шпекулира дека би влегле на овој пазар дури во 2025. Технологијата за овие екрани кои се превиткуваат уште не е доволно развиена, па тие се повеќе подложни на оштетување, а исто така уште се гледа мала линија, односно фалта на делот каде што се прави превиткувањето.

Исто така, може да се каже дека недоволно апликации се специјално прилагодени за работа со ваквите уреди, а тука се и самите оперативни системи, а Google покажа дека размислува за средување на оваа ситуација со претставувањето на Android 12L.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаАССЕКО СЕЕ е една од првите ИТ компании која успешно 20 години по ред го имплементира ISO 9001:2015 стандардот
Следна статијаПредизвик за сите гејмери: НЕПТУН организира голем GAMING настан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.