За оваа година се очекува покачување на цените на iPhone 15 моделите со Pro ознаката. Ова веќе можевме да го прочитаме, а сега повторно доаѓа како информација од страна на Blomberg.
Како причина за ова качување на цените изгледа е очекувањето да не дојде до раст на пазарот на мобилни, па Apple планира зголемување на своите приходи на овој начин.
Иако не се очекува раст на пазарот на мобилни, Apple сепак очекува задржување на количината на продадени уреди како со сегашните модели, односно се очекува продажба на околу 85 милиони iPhone 15 уреди, до крајот на оваа година.
Не е познато колкаво зголемување на цените може да се очекува, но во САД се очекува дека првпат почетната цена ќе биде над 1000 долари, цена која кај нас одамна е над 1000 евра.
iPhone 15 Pro моделите се очекува да дојдат со помала рамка околу екранот, мало заоблување на страните кои треба да бидат изработени од титаниум, а тука е и A17 чипот кој ќе биде изработен на 3nm технологија и со тоа ќе донесе поголема промена во споредба со ланскиот модел.