Започна како не до крај јасна најава од страна на Елон Маск, а денеска веќе започна процесот на ребредирање на Twitter. Оваа друштвена мрежа ќе се дистанцира од досега познатата птичка, а истата ќе биде заменета со лого во форма на буквата „X“.

Домејнот X.com исто така од вчерашниот ден започна да носи до twitter.com, а веќе може да се забележи и промена на главното лого на страната. Ова лого првично беше најавено како привремено, додека се избере финалното, па ќе видиме за која верзија се работи сега.

Почетокот на ребрендирањето на Twitter започна со проектирање на новото лого на зградата од компанијата, а денеска истото го најави и новата директорка Линда Јакарино. Нејзината објава е кратка и гласи „X е тука. Да го направиме ова“.  

Инаку, новото име и лого не се случајни избрани. Ова е име кое Елон Маск го користеше за PayPal пред промената не името на таа компанија, која подоцна беше продадена.

Ознаката, односно буквата X може да се види и кај SpaceX, една од најпознатите компании на Маск, а и во светот, а тука е и ново најавената компанија за вештачка интелигенција, xAI.

Не сме сигурни колку ја поддржуваме оваа промена на брендот на мрежата, која иако со претходното сопствеништво се покажа не толку „добра“ кога е во прашање цензурата, Маск можеше да продолжи со веќе прифатениот бренд од корисниците.

Интересна е објавата на Маркез Браунли кој напиша дека тој ќе продолжи да ја нарекува мрежата Twitter, на што Маск одговори дека не уште долго.

Претходна статијаApple се закани со повлекување на iMessage и FaceTime сервисите од Обединетото Кралство
Следна статијаApple планира повисоки цени за iPhone 15 Pro моделите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.