Технологија за батерија, која исто така се очекува да се користи од страна на Samsung, а дека од компанијата ја развиваат можевме да прочитаме уште минатата година, изгледа ќе ја користат и од Apple.

Се работи за технологија која се користи за производството на батериите за електричните автомобили и користи метода наречена редење, односно сложување на материјалот за батериите на слоеви, за разлика од методата за нивно превиткување и намотување како што се користи кај батериите за телефоните.

Користењето на оваа технологија треба да овозможи поголем капацитет на батериите, подолг век на истите, како и побрзо полнење и исто така важно, помало загревање.

Веќе можевме да прочитаме дека кај iPhone 15 серијата се очекува зголемување на капацитетот на батериите, па ова може да е причината за истото, но со додатни предности кои претходно не беа споменати.

Информацијата доаѓа од објава на Twitter во која се најавува користење на оваа технологија од страна на Samsung, но наводно само кај двата поскапи модели или само кај Ultra моделот.

Во истата објава се најавува користење на технологијата кај целата iPhone 15 серија.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаAndroid ќе се обиде да ги мотивира корисниците да ја инсталираат најновата верзија од системот
Следна статијаNetflix овозможи префрлување на профилот на веќе постоечка сметка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.