Ажурирањето на iOS обично влијае на потрошувачката на енергија на iPhone, a Apple започна со информирање на корисниците кога ова се случува. Информирањето не е преку известување, па корисниците ќе можат да ја забележат информацијата доколку ги отворат прилагодувањата за батеријата.
Во овој дел сега стои информација дека процесот на ажурирање довршува во позадина, па може да се очекува подобрување на перформансите и загревањето на уредот кога истиот ќе заврши.
Од ова се дознава дека процесот на ажурирање на завршува со рестартирање на уредот, па тој може да трае и уште неколку денови.
Доколку после ажурирање на телефонот корисниците забележат промена во издржувањето на батеријата, можат да проверат дали оваа информација е достапна. Завршувањето на процесот обично прави доволно голема разлика за да може да биде забележана.
Процесот ја завршува својата работа различно, односно може да е од неколку часа, па се до неколку денови, зависно од надградбата, како и користењето на телефонот од страна на корисникот.