Фото: DALL E/ChatGPT

Најголемата хидроцентрала во светот која е лоцирана во Кина и е наречена „Три Клисури“, сега треба да добие своја „верзија“ во вселената. Од земјата планираат изградба на огромна сончева електроцентрала која би била поставена во орбитата на Земјата. 

Предноста и привлечноста на една ваква централа, нешто што се планира и од неколку други земји и агенции, секако е во можноста сончевата енергија многу поефикасно да се искористи. 

Без разлика на проблемите кои ги има технологијата за сончеви панели, истата активно се унапредува, меѓутоа покриеноста со облаци, како и блокирањето на голем дел од сончевата радијација од атмосферата прават да оваа технологија секогаш има ограничувања. 

Поставувањето на панели во орбитата од Земјата може да овозможи генерирање на многу повеќе енергија, а кинескиот план за нивната вселенска „Три Клисури“ електрана се споредува со годишниот капацитет на производство на нафта, нешто што како енергија би било добиено за само еден месец. 

Вселенската електроцентрала би требало да биде поставена на висина од 36.000 километри, а за реализација на проектот се планира користење на ново развиени ракети кои можат да се употребуваат повеќе пати, нешто како Falcon 9 од SpaceX. Пренесувањето на енергијата назад на Земјата би се правело преку електробранови.

Long March-9 е името на ракетата и би требало да го има капацитетот за носење на потребниот товар до орбитата за постепена изградба на панелите за електроцентралата. 

ИЗВОРLiveScience
Претходна статијаНовата Tasks функција го прави ChatGPT како личен асистент за корисниците
Следна статијаApple сега ги информира корисниците кога можат да очекуваат послабо траење на батеријата после ажурирање на нивниот iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.