После одличните оценки на екранот кај Galaxy S24 серијата, а посебно слојот против одблесок, сега неофицијалните информации најавуваат дека и Apple ќе отиде во тој правец кај своите идни модели.

Оваа промена изгледа нема да може да биде постигната за оваа година, односно за iPhone 16 серија, но затоа оваа серија наводно ќе добие дополнително намалување на веќе доста мали рамки околу екранот.

Apple наводно ќе користи технологија која е наречена „Border Reduction Structure (BRS)“, а вниманието на намалувањето на рамките ќе биде посебно насочено кон долната рамка на iPhone 16 серијата.

Мат екранот може да се очекува дури идната година со iPhone 17 серијата, а нема информации кој ќе го развие стаклото, односно дали повторно ќе бидат Corning кои стојат зад развојот на Gorilla Armor кај S24-ките.

Според информациите, Apple ќе го користи новиот екран и кај другите нивни производи, а дали тоа е така ќе дознаеме прилично брзо. За идната недела се најавува претставувањето на новите iPad Pro уреди кои конечно треба да добијат OLED екрани.

Технологијата треба да овозможи и доста поголема отпорност од гребење, нешто што исто така е покажа како доста добро кај Gorilla Armor, односно Galaxy S24 серијата.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаУчествувај на Е-Капитолијада и заштити ја природата со изработка на уникатна еко маска
Следна статијаПризнание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.