Скопје, 21.03.2024 – Иднината им припаѓа на новите генерации и доколку сакаме да создадеме поубаво место за живеење, треба да им се посветиме на децата, затоа што секое дете заслужува да ги научи вистинските вредности, да биде свесно за околината што го опкружува, да се грижи за природата и за луѓето околку себе. Токму затоа, неколку години по ред Општина Аеродром, Нула Отпад и Капитол Мол имаат заедничка еко мисија, насловена Е-Капитолијада.

Со цел подигнување на јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето, Нула Отпад во соработка со Капитол Мол, поттикнуваат едукативна иницијатива за децата од сите градинки и сите основни училишта при Општина Аеродром.

Предизвикот во исто време е забавен, креативен и корисен, затоа што децата кои ќе учествуваат ќе имаат за задача да изработат индивидуална или групна креативна маска во која ќе имаат вклучено електричен отпад, односно најмалку три стари, неисправни електронски и електрични уреди и стари, потрошени батерии.

Изработените еко маски ќе бидат презентирaни во форма на дигитална кампања на фејсбук официјалната страна на Капитол Mол под името Е-КАПИТОЛИЈАДА. Сите учесници треба да испратат фотографија од направената еко маска во директна порака на фејсбук профилот на Капитол Мол, заедно со уредно потпишана пријава од родител/старател на следниот линк Е-КАПИТОЛИЈАДА, најдоцна до петок 29.03.2024 до 12:00 часот.

Добитниците на наградите ќе бидат официјално објавени на 01.04.2024 кога ќе се одржи и ревијалниот дел „Еко Парада“ на бината во Капитол Мол. Ќе бидат доделени повеќе награди, односно главна награда за индивидуална маска, втора награда за индивидуална маска, награда за најлајкувана маска, награда за групна маска во категорија градинка и награда за групна маска во категорија  училиште.

Е-Капитолијада 2024 година, има за цел уште од најрана возраст да се постават темелите на раст и развој и чиста и здрава животна средина за сите.

Претходна статијаSamsung воведува функција 3D Map View базирана на платформата SmartThings и вештачката интелигенција
Следна статијаApple ќе почне да користи друга технологија кај екраните на идните iPhone телефони