Пред две недели, Apple започна со испраќање на покани за настан којшто го закажа за денес, односно 12 септември. Настанот ќе почне во 19:00 часот според македонско време, а ќе може да се следи во живо како што е случајот и со претходните вакви настани.

Доколку сакате да го гледате настанот во живо, тоа може да го направите преку следниот линк, а за гледање ќе ви бидат потребни било кој од Apple уредите, додека на Windows 10 најдобро е да се следи преку Microsoft Edge.

На настанот се очекува Apple да претстави три нови iPhone модели, сите направени во стилот на ланскиот iPhone X.  Едниот ќе биде директен наследник на ланскиот модел и треба да биде наречен iPhone XS. Додавката S означува дека овој телефон во главно ќе има само подобри компоненти, меѓутоа не треба да се очекуваат драстични промени.

Нов во серијата ќе биде поголемиот 6,5 инчен iPhone XS Plus кој ќе се продава по цената на ланскиот модел, односно по околу 1.000 долар, со што наследникот на ланскиот модел ќе добие одредено намалување и ќе се продава по цена од околу 900 долари.

Се очекува претставување и на уште еден, 6,1 инчен модел, којшто треба да биде поевтин и да има LCD наместо OLED екран. Овој модел треба да го носи името iPhone XC и да се продава по цена од околу 700 долари.

На настанот исто така се очекува и нова генерација од Apple Watch, којшто треба да има поголем екран и подобри фитнес и здравствени способности. Можно е претставување и на нов iPad Pro модел, а се ќе дознаеме за неколку часа.

Претходна статијаСТАВ за анонимноста на Интернет
Следна статијаMolar Mic е комуникациски уред кој се става на забите кој ќе го користи американската армија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.