Платформата Разговор.мк која ги спојува лиценцираните психолози и луѓето, сега оваа активност ја прави достапна за уште повеќе корисници. Луѓето кои можеби се имаат размислувано дали да го направат првиот чекор и да побараат помош од психолог, сега својот избор ќе можат да го направат уште полесно.

Платформата, која веќе има повеќе од 35 лиценцирани психолози, почна да им овозможува на корисниците можност за беспланта комуникација пред да се одлучат за закажнување на официјална сесија. Исто така, на психолозите им се овозможува да им понудат на корисниците бесолатна консултација или попуст, по што можат да продолжат со редовните сесии.

Со новата функцианалност корисниците треба да одговорат на три прашања поврзани со предизвикот со кој се соочуваат, од кога истиот се има појавено, односно што би сакале да добијат од советувањето со психолог. Потоа овие одговори им се испраќаат на лиценцираните психолози и тие можат да одговорат на корисниците.

На овој начин корисниците можат да добијат подобра претстава за тоа кој психолог повеќе им одговара, а тоа да не го прават само врз основа на биографијата која ја има ставено секој психолот.

Доколку се соочувате со било какви проблеми, нема потреба да чекате, побарајте помош, која може да ја направите и анонимно на платформата Разговор.мк.

Претходна статијаФИТР за првпат со предизвик за социјално претприемништво
Следна статијаApple ги претстави iPhone 13 и iPhone 13 mini со намален исечок, нов процесор и подобрени камери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.