Разговор.мк е дел од акселераторската програма на Startup Wise Guys, водечки акселератор на Балтикот и еден од водечките во Европа. Потенцијалот за развој и општественото влијание беа пресудни за добиената инвестиција и покана да се стане дел од ова семејство на брзо-растечки стартапи.

Идејата да се создаде компанија која ќе има за цел да креира и обезбеди персонализирани системи за поддршка на индивидуата постоеше повеќе време. За почеток, решивме да ја направиме грижата за менталното здравје попристапна за луѓето.

Денес, имаме над 30 психолози на нашата платформа и над 5000 преземања на нашите мобилни апликации (андроид, ајфон). Со инвестицијата добиена од акселераторот ќе работиме на зголемување на бројот на достапни психолози на платформата преку интернационализација, развивање на нови функционалности и освојување на нови пазари.

Еден од најголемите проблеми за грижата на менталното здравје е пронаoѓањето на вистинскиот психолог за нас. Овој процес трае долго и може да биде многу фрустрирачки. Нашите истражувања покажаа дека всушност голем број на луѓе се откажуваат по првиот или неколку неуспешни обиди да го најдат својот психолог. Затоа, развојот на нашиот продукт се движи во тој правец. Крајната цел е да овозможиме со неколку клика и во неколку минути секој да може да го најде својот идеален психолог или психотерапевт.

Нашата платформа е отворена за сите лиценцирани психолози и секој од нив кој сака да го креира својот профил на платформата истото може да го направи овде.

Претходна статијаMicrosoft претстави нови икони во File Explorer на Windows 10
Следна статијаInstagram ќе воведе можност за зачувување на Stories и нивно довршување и објава подоцна

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.